Почитувани,
Од мое име и од името на Локалната самоуправа, на сите верници од исламската вероисповед во Кочани, им го честитам големиот муслимански верски празник Рамазан Бајрам.
Верувам дека со заеднички заложби и меѓусебно почитување ќе продолжиме да ги негуваме позитивните вредности што нè обединуваат во нашиот стремеж за општа благосостојба.
Во чест на Рамазан Бајрам, а за поубава иднина повикувам етничката и верската различност да нè зближуваат, да градиме меѓучовечко разбирање, а толеранцијата да биде мост меѓу сите граѓани во нашата општина и држава.
Празникот нека донесе мир во срцата и спокој во душата, радост и хармонија во домовите!
Ратко Димитровски
Градоначалник на Општина Кочани