По повод 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите, градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов упати честитка до сите припадници на ромската заедница, во која се вели:

„Почитувани сограѓани,

Во мое име и во име на општинската администрација на Општина Кочани, Ви го честитам 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите.

Со својата традиција и културни специфики, вие сте важен дел на нашата општина и давате постојан придонес во сите сфери на општественото живеење. Општина Кочани ќе продолжи да работи на проекти за поддршка на ромската заедница, кои ќе бидат значајни за целата општина.  

Нека Ви е честит празникот!“

Градоначалник на Општина Кочани
Љупчо Папазов