Почитувани православни христијани,
Со голема празнична радост ви го честитам Велигден – христијанскиот празник над празниците и ви посакам здравје, благодат, Христова љубов, мир и спокој во секој дом.
Празникот нека биде поттик да се утврдуваме во вистината и правдата, во трпението и милосрдието и да живееме во верата со добри дела.
Уверен дека ваквите големи празници нѐ зближуваат, помагаат во јакнењето на националната, меѓунационалната и мултиконфесионалната толеранција, како и во зачувувањето и развивањето на нашиот културен и национален идентитет.
За многу години!
Христос воскресе!
Навистина воскресе!
Градоначалник на Општина Кочани, Љупчо Папазов