Почитувани сограѓани, граѓани на Република Македонија,

7 и 8 Септември – ослободувањето на Кочани и независноста на државата – се два големи датума за историјата на Кочани и на Македонија. Во нив е збран стремежот за слобода, непокорот, но и почитта кон сите жртви во борбата против ропството.

Огромно е задоволството што градиме и се бориме за подобар живот во нашата општина. Гордост е да се живее во своја, слободна и самостојна, национална држава на македонскиот народ, татковина на сите припадници на другите етнички заедници во неа.

Наша обврска е да ги чуваме и градиме и општината и државата, да создаваме услови за квалитетен живот на идните генерации.

Нека ни се честити празниците, 7 Септември, Денот на ослободувањето на Кочани и 8 Септември, Денот на независна и суверена Македонија!

Градоначалник на Општина Кочани,

Ратко Димитровски