На првиот ден од новата учебна година. в.д. градоначалникот Венко Крстевски им се обрати на сите ученици во градот и им посака среќен и успешен почеток на учебната година:

„Со почетокот на 1 септември започнува ново поглавје во образованието. Ви посакувам среќен и успешен почеток на оваа учебна година, исполнета со нови знаења, искуства и можности. Секој почеток носи нова енергија и нови цели. Вашето училиште е местото каде што учите, растете, градите пријателства и ја креирате својата иднина.“

В.д. градоначалникот се заблагодари и на сите наставници и родители, истакнувајќи ја важноста на нивната улога во образованието на децата:

„Вашата посветеност и труд се основата на секој успех на учениците. Заедно, како заедница, ќе продолжиме да работиме на тоа да ги создадеме најдобрите услови за учење и развој.

Среќен и успешен почеток на новата учебна година!“