Црвен крст на РС Македонија – Општинска организација Кочани, денеска во Паркот на револуцијата во Кочани го спроведе Општинскиот натпревар на екипите по прва помош.
На натпреварот настапија 10 екипи во категориите младинци и подмладок од основните и средните училишта и во категоријата дисеминација.
Натпреварувачите се натпреваруваа на кружна патека, на пунктови за укажување прва помош на симулирани случаи на повреди, пункт за дисеминација и пунктови со забавни содржини.
Првото место во категоријата младина ѝ припадна на екипата од СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани, додека во категоријата подмладок првото место го освои екипата од ООУ „Кирил и Методиј“ – Кочани.
Најдобро познавање на организацијата на Црвен крст и нејзиното работење прикажа екипата од ОУ „Синиша Стоилов“, која го освои првото место во категоријата дисеминација.
Победничката екипа од категоријата младина, екипата на СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани ќе ја претставува Општинската организација на Црвен крст – Кочани на Регионалниот наптревар на екипи по прва помош што ќе се одржи во мај, во Гевгелија.