Амбасадорот на Кралството Холандија Дирк Јан Коп денеска ја посети Општина Кочани и оствари средба со градоначалникот Николчо Илијев.
На средбата, која е дел од проширената посета на амбасадорот на холанските инвестиции во Кочанско, беа разменети мислења за локалниот стопански амбиент и потребите за поддршка на инвеститорите.
Амбасадорот Коп ја потенцираше досегашната успешна соработка која резултира со пет холандски фирми на кочанско тло.
Во разговорот за правците и можностите за развој на Кочани, градоначалникот Илијев изрази надеж дека соработката ќе продолжи и ќе се унапредува со инвестиции како во земјоделството, така и во планинскиот и бањскиот туризам.
Од почетокот на мандатот на амбасадорот Дирк Јан Коп, во септември минатата година, ова е негова прва посета на единица на локалната самоуправа.