В четврток, на 15 март во Туристичкиот инфоцентар на Пониква ќе се одржи форум на темата „Можности за развој на одржлив туризам на Осогово“.
Целта на форумот е претставување на резултатите од Студијата за развој на туризам базиран на природни вредности, размена на искуства, дефинирање на потребите и недостатоците со препораки за иден развоj на одржливи форми на туризам.
Форумот е дел од проектот „Поддржување на одржлива иднина за луѓето и природата на Осоговските Планини“, кој ја поддржува работата на Македонското еколошко друштво во регионот на Осогово и има за цел да поддржи имплементација на добри практики за регионално одржлив развој, во соработка со локалните заедници, како и да помогне во зачувувањето на ексклузивното биолошко разнообразие на Осогово.
Проектот е прекуграничен и МЕД го спроведува заедно со партнерската организација Биолошка фондација за биоразнообразие од Бугарија, а е финансиран од Германската федерална фондација за животна средина, Франкфуртското зоолошко друштво и со сопствен придонес на партнерите.
Форумот ќе започне во 10 ч.