Градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев ги  поканува жителите на Општина Кочани да учествуваат на проектниот форум кој се реализира во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети“, кој е финансиран од Швајцарска агенција за развој и соработка (SDC), а спроведуван од УНДП (UNDP) и Општина Кочани. 

На форумските сесии присутните преку своето учество ќе може да даваат предлози и да учествуваат во подготовка на проекти од интерес на жителите на општина Кочани. Низ форумскиот процес ќе се изработуваат и ќе се изберат проекти со кои ќе се аплицира за нивна реализација во рамки на вкупен фонд од 50.000 швајцарски франци. 

Првата форумска сесија ќе се одржи на 17 јуни 2019 година (понеделник) со почеток во 12 часот во холот на ООУ „Св. Кирил и Методиј во Кочани.  

Присуството на жителите, здруженијата на граѓани и претставниците  на  институциите, како и нивното активно учество на сесиите ќе даде  голем придонес и ќе биде од особено значење за успешно спроведување на проектниот форум и изборот на проект/и,  предложени и поддржани од жителите на општина Кочани.