Фолклорниот ансамбл „Љупчо Сантов“ од Оризари деновиве гостуваше во Република Црна Гора, каде заедно со збратимениот ансамбл од Бијела, Херцег Нови, и со ансамблите од Игало, Подгорица и Рожај, учествуваше во културно-уметничката програма на отворањето на најголемиот регионален Дом за стари лица во Никшиќ.
На настанот присуствуваа и делегации од општините Кочани и Зрновци, кои остварија средби со градоначалниците на Цетиње и Подгорица.
Членовите на Фолклорниот ансамбл „Љупчо Сантов“ слободното време го искористија за прошетка по Никшиќ и посета на манастирот „Свети Василиј Острошки“. Ансамблот кој го негува изворниот фолклор продолжува да биде мост на културно поврзување на општините Кочани и Зрновци со општините од странство.