Фолклорниот ансамбл „Љупчо Сантов“ од Оризари е еден од ансамблите со кој Општина Кочани има континуирана соработка.
Во 2023 година тој брои 210 членови од кои се 140 девојчиња.
Промовирајќи ја традицијата на осоговскиот изворен фолклор и музика, во која тапанот како инструмент е еден од носечките во оркестрите, ФА „Љупчо Сантов“ го приближи овој инструмент и до девојчињата. Од вкупно 20 младинци коишто во оркестарот на „Љупчо Сантов“ го изучуваат тапанот, 6 се девојчиња.
На насловната страница на Билтенот на ФА „Љупчо Сантов“ за 2023 година е прикажана фотографија која ги истакнува еднаквите можности на момчињата и девојчињата.
