На невообичаена локација, на тревникот до Детското игралиште, под отворено небо многубројната публика имаше можност да проследи колаж од анимирани филмови од повеќе фестивали за аминиран филм, по што беше прикажан филмот „Сообраќаен живот“ во режија на Игор Христов.
Документарниот филм „Сообраќаен живот“ понуди приказна за шестмина различни жонглери кои настапуваат покрај семафорите во главниот град Санта Круз на островите Тенерифе. На овој начин уметниците успеваат да најдат простор за изразување во еден вид нестандарден урбан контекст, каков што е центарот на улицата. Со својот перформанс, уметниците покажуваат како ја надминуваат бариерата на капитализмот, а во исто време ги радуваат луѓето.
Според концептот на Патувачкото кино „Македокс“ за проекција на филмови и во населени места, на 10 јули е закажана проекција и во Оризари, во дворот на ОУ „Крсте Мисирков“.