Екипата на ОУ „Малина Попиванова“ победи на квизот „Колку го познаваш сообраќајот“ што го организираше Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи – Штип, во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Република Македонија и Општина Кочани.
На квизот учествуваа ученици од шесто, седмо и осмо одделение од сите основни училишта од општините Кочани, Зрновци и Чешиново-Облешево, кои одговараа на четири серии прашања на тема сообраќај.
Целта на овој училишен натпревар е да се зголеми степенот на знаење од областа на сообраќајот, а со тоа и нивото на сообраќајната култура кај младата популација.
Квизот беше збогатен со културно-забавни точки од ученици од ОУ „Раде Кратовче“ од Кочани.