На одржаниот Државен натпревар во шах на 17.12.2021 година во Скопје, во голема конкуренција на ученички од Основни училишта од државата, ученичката Јована Давиткова го освои второто место. Таа е ученичка во осмо одделение во ООУ „Кирил и Методиј“ – Кочани и иако е осмо одделение, зад себе има многубројни шаховски награди и успеси. Пред две години беше првак на Државниот напревар во шах за девојчиња.
Во името на градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов на ученичката Јована Давиткова и упатуваме честитки за достигнувањето и желби за уште многу успеси.