![](http://192.168.1.5:81/kocani/wp-content/uploads/2018/10/opstinakocanisrednoskolci1.jpg)
Првенците на генерацијата од основните и средните училишта во Кочани го користат седумдневниот одмор во Паг, Република Хрватска. Ова е награда од Општина Кочани и градоначалникот Николчо Илијев за успесите постигнати во школувањето. Летувањето на хрватскиот остров Паг е резултат на повеќегодишната соработка на збратимените општини Кочани и Крижевци.
![](http://192.168.1.5:81/kocani/wp-content/uploads/2018/10/opstinakocanisrednoskolci3.png)
– Поаѓајќи од идејата дека контактите и зближувањето на луѓето од двете општини е најважно за одржување на соработката, веќе трета година се реализира идејата за летување на кочанските ученици во Паг и зимување на крижевски ученици на Пониква. Настојуваме овие пријателски општини да ја продлабочуваат соработката во сите сфери од живеењето, во делот на развој на бизнисот на мали и средни претпријатија, образованието, културата – вели градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев.
![](http://192.168.1.5:81/kocani/wp-content/uploads/2018/10/opstinakocanisrednoskolci4.png)
Покрај бесплатното летување, учениците на генерацијата од Кочани како награда од Општината добија и по 6 000 денари.