Комуналните служби од Општина Кочани претходната седмица ги уредуваа тревните површини во детските игралишта и паркови во Кочани.
Се косеа површини со бујна вегетација на локации согласно годишната Програма за паркови и зеленило.
Екипите работеа во парковите во Бавчалук, Калиманова Глава, Бејрут, на двете игралишта на улицата „Скопска“, а со поддршка на КЈП „Водовод“ и на локацијата на Панаѓурот.
Одделението за комунални дејности во Општина Кочани ги повикува граѓаните да дадат поддршка во одржувањето на зелените површини – да не ги загадуваат и уништуваат тревниците, дрворедите и поставената урбана опрема.