Во рамките на активностите за обновување на терените за игра на децата во Кочани,  освежено е детското игралиште кај „Колор“. Теренот за баскет е обележан и е поставена  нова табла со кош, поправени и пребоени се постојните реквизити. Непосредно до детското игралиште се засадени нови дрвца.

Во завршна фаза е и реконструкцијата на паркот во Стришани, каде што се изградени нови жардиниери со нови седалки,  пешачката и парковската зона се поплочени со павер елементи, поставена е нова атмосферска канализација со нови олуци на зградите, нови клупи и фонтана.

Уредувањето на паркот во Стришани се реализира со средства од буџетот на Општина Кочани преку младински активизам, со цел да биде оформен простор од младите за младите. Младинската иницијатива е преку здружението „Еко тим Исток“ заедно со младинските совети од двете средни кочански училишта, кои учествуваа со изработка на дел од елементите во паркот.