Одводот за атмосферски води што се гради на улицата „Вера Которка“ во месноста Монополски бавчи го пролонгира асфалтирањето на трите планирани крака на оваа улица.
– При нагодувањето на котите за изградбата на одводот за атмосферски води наидовме на повеќе пречки, цевки за геотермална вода, кабелска инсталација, поради што моравме да се менуваме трасата. Завршивме со поставувањето на за атмосферски води во должина од 60 м, ни остануива уште поставувањето на решетките – соопшти Давор Стојмилов од КЈП „Водовод“.
Од Одделението за уредување на градежното земјиште од Општина Кочани информираат дека ваквите технички проблеми повлекоа дополнителни финансиски средства, ја отежнаа работата и го одолговлекоа асфалтирањето на улицата.
Општина Кочани најави дека наскоро ќе започне асфалтирањето на трите крака – 2, 3 и 5, коишто се во вкупна должина од околу 350 м, за што се наменети 1.910.635 денари. Градежните работи ќе ги изведува претпријатие „Стоименов“.