На седницата одржана на 19 април 2022 година, Владата на Република Северна Македонија донесе одлука да престане да важи обврската на домашните и на странските државјани кои влегуваат во нашата земја, на граничниот премин задолжително да приложат сертификат за извршена вакцинација, сертификат за прележан Ковид-19 во последните 180 дена, медицинска потврда за негативен ПЦР-тест направен 72 часа пред влезот во Северна Македонија или негативен брз антигенски тест направен 48 часа пред влезот во земјата.

Владата исто така ја укина и мерката за домашна изолација/карантин во времетраење од седум дена за лицата кои при влез на граничните премини нема да приложат еден од досега бараните сертификати.

Линк до записникот.