В понеделник, 6 декември 2021 г., со почеток во 10 ч., во салата на Мултикултурниот центар, Советот на Општина Кочани ќе ја одржи третата седница.

На предлог-дневниот ред се наоѓаат 8 точки:

  1. Извештај за финансиското работење на КЈП „Водовод“ за периодот од 1 јануари до 30 септември 2021 г.
  2. Годишен план за вработување во КЈП „Водовод“ – Кочани за 2022 година
  3. Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за изградба на системи за водоснабдување на подрачјето на општина Кочани за 2021 година
  4. Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за изградба на фекална и атмосферска канализација на подрачјето на општина Кочани за 2022 година
  5. Предлог-одлука за утврдување приоритетен проект и за сопствено учество, кофинансирање на проектот „Изградба на улицата ‘Јордан Зафиров’ (ул.’546’) и реконструкција на улицата ‘Роза Петрова’ од ул. ‘554’ до крстосувањето со ул. ‘Ристо Симеонов’ (дел 1)“
  6. Предлог-одлука за измена и дополнување на Одлуката за долгорочно задолжување на Општина Кочани во рамките на проектот за подобрување на општинските услуги (Втор МСИП 02/2018)
  7. Предлог-решение за изменување на Решението за формирање стручна комисија за процена на штети предизвикани од елементарна непогода (пожари) на подрачјето на општина Кочани

8. Барање согласност за раскинување на договор за закуп.