Кочанските активисти од Здружението за акција против насилство и трговија со луѓе „Отворена порта“ во рамките на кампањата „Заедно против трговијата со луѓе“ ги повикуваат учениците од основните и средните училишта да учествуваат на ликовниот и литературниот конкурс на тема трговија со луѓе.
Творејќи на оваа тема, учесниците во конкурсот ќе можат да ја искажат својата креативност, а со тоа и самите да дознаат нешто повеќе за трговијата со луѓе.
Конкурсот е отворен од 1 април до 5 мај 2019 г. Најуспешните творби ќе бидат наградени, а на крајот на мај ќе биде организирана и изложба во Кочани.
Целта на оваа кампања е да се подигне свеста кај младите, но и кај сите граѓани на Кочани за трговијата со луѓе како меѓународен проблем и модерна форма на ропство, распространет криминал во светот кој ги загрозува основните човекови права.
Заинтересираните можат да добијат повеќе информации кај Марија Постолова, на телефонскиот број 078 833 379 или на е-пошта: postolovamarija1995@gmail.com.