Територијалната противпожарна единица – Кочани го одбележа 20 мај, Денот на пожарникарството.
По тој повод претседателот на Советот на Општина Кочани, Јордан Димитров и секретарот на Општината, Петар Апостолов ја посетија Единицата и им го честитаа празникот на деветнаесеттемина кочански пожарникари.
– Задоволство е што имаме Противпожарна единица која со своите капацитети држи достоинствено ниво, способна да одговори на секојдневните предизвици и да гради доверба кај жителите на Кочани.
Настојувањaта на Општината и на Советот на Општина Кочани се насочени кон целосна поддршка и заеднички придонес за надградба на сегашните потенцијали: да изградиме противпожарна служба по европски норми и стандарди чија главна задача ќе биде превентивата. Задача на пожарникарите е и натаму да бидат меѓу граѓаните и да ги учат како да го избегнуваат предизвикувањето на пожарите, рече претседателот Димитров.
Командирот на ТППЕ – Кочани, Дејанчо Арсов, истакна дека минатата година се регистрирани 238 интервенции што е за 30 % повеќе од претходната. Покрај временските услови, како причина за појавата на пожарите се јавува и човечкиот фактор. Според Арсов, Единицата е кадровски екипирана и технички подготвена да дејствува на територи на Кочани, Зрновци и Чешиново-Облешево.