Постапувајќи според заклучоците од последната седница на Општинскиот кризен штаб,  за засилена дезинфекција на објектите за колективно домување, Територијалната противпожарна единица – Кочани деновиве изврши дезинфекција на сите згради во централното градско подрачје, на Атомските згради и на зградите кај Автобуската станица. Со оваа акција се дезинфицираат не само влезовите и лифтовите, туку и скалите до најгорните катови.

Според планот, дезинфекцијата на зградите ќе продолжи и во наредниов период, а кочанската Противпожарна единица е подготвена да дезинфицира и во поголемите капацитети, за што ќе чека на повиците од нивните сопственици.

Секојдневно миење на улиците и местата за одлагање на отпад, врши Комуналното јавно претпријатие „Водовод“. Целта е, со подобрување на јавната чистота да се придонесе во намалување на ширењето на заразата.