Сутлијашот е еден од најстарите десерти коишто се подготвуваат од ориз. Се подготвува со млеко, но кога нема млеко, оризот може да се вари само со вода, и тогаш десертот се вика зерде.
Потребни состојки: ориз, млеко, шеќер по вкус, пакетче ванилин шеќер, чоколада за готвење, цимет.
Подготовка: Односот на оризот и млекото за овој рецепт е 1:4. Наместо четири дела млеко, може да се употребат два дела млеко, а два вода. Во тенџере се ставаат млекото (млекото и водата) и шеќерот да зовријат, па се додава оризот и постојано се меша додека да се згусти. При крај се додава ванилин шеќер. Откако ќе се свари, содржината треба малку да одмори во тенџерето, па потоа се истура во чинии и озгора се ренда чоколада и се наросува цимет.