На настанот организиран од Одделението за јавни дејности, ги поздрави градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов, кој им посака успех во студирањето и ја изрази подготвеноста на Општината за натамошна поддршка во образованието на младите кадри.
Годинава, Комисијата за доделување на студентските стипендии, од пристигнатите 34 пријави, одобри триесет општински стипендии. Дванаесетмина студенти добија стипендија за постигнат висок успех во студирањето, 13 ќе користат стипендија според критериумите за социјално загрозени семејства и петмина студенти се од факултетите за медицински науки. Четворица од пријавените кандидати не ги исполнија условите за стипендија поради некомплетна документација, затоа што повторувале година или затоа што не студираат на државен универзитет.
Стипендиите со месечен износ од три илјади денари ќе се доделуваат за период од десет месеци за студиската 2023/24 година.