Дваесет и двајца студенти од јавните високообразовни установи во Република Македонија ги потпишаа договорите за користење општински стипендии за студиската 2017/18 година.
Договорите им ги врачи градоначалникот Николчо Илијев, кој ги поздрави и им посака да продолжат со успесите во школувањето, ветувајќи поддршка од Општината.
Месечниот износ на општинската стипендија е 2.500 денари, за десет месеци во годината. Првата исплата на стипендиите ќе биде по новогодишните празници.
Стипендистите имаат обврска за практична работа во органите на Општината во траење од 15 дена за време на летниот распуст.