Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата и Сообраќајната полиција при Одделението за внатрешни работи – Кочани, во соработка со Општина Кочани спроведоа акција зголемување на безбедноста во сообраќајот со употреба на  сигурносниот појас и некористење на мобилниот телефон за време на управувањето со возилото.

Сообраќајни патроли на улиците во Кочани ја контролираа употребата на појасот од страна на возачите и на сопатниците и упатуваа на опасностите од користењето на мобилниот телефон при возење. Учесниците во сообраќајот добиваа летоци со пораки за внимателно и одговорно возење.

Користењето на мобилните телефони при возење е спротивно на Законот за безбедност во сообраќајот, а истражувањата покажале дека тоа ја зголемува опасноста од сообраќајна незгода за 4 до 9 пати.

Обврската за користење безбедносен појас во возилото се однесува на возачот, сопатникот на предното седиште, но и на сопатниците на задните седишта.