Членот на Планинарско друштво „Осогово“ од Кочани, Зоран Николов, кој во февруари го искачи највисокиот врв на американскиот континент Аконкагва, денеска оствари средба со градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов.
Градоначалникот му го честита планинарскиот подвиг на четириесет и деветгодишниот планинар, кој осум години се занимава со интензивно планинарење. Николов раскажа за решителноста, а на моменти и фанатичноста на шестчлената експедиција со која се искачи на 6962 м н. в., а ја истакна и огромната поддршка што ја добил од раководството и од членовите на кочанското планинарско друштво „Осогово“.