Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов оствари средба со претставници на Националниот демократски институт за меѓународни прашања – NDI – Северна Македонија, на која се разговараше за субнационалната програма на NDI за зајакнување на соработката меѓу локалните избрани лидери.
На средбата беше истакнато значењето на одговорноста пред граѓаните во субнационалното управување, a со претставниците на NDI се разговараше и за актуелни прашања и состојби поврзани со ромската заедница во Кочани.
На почетокот на 2024 година, Институтот, во партнерство со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, ќе организира обука за членовите на Советот на Општина Кочани и за општинската администрација за јакнење на вештините клучни за ефективно владеење.
Општина Кочани влегува во проектниот циклус за 2023/24 со NDI, заедно со општините Битола и Гази Баба.