Деновиве, градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов ја прими делегацијата од германскиот град Кастроп Рауксел, со кој Општина Кочани заеднички подготвува проект за ревитализација на речното корито на дел од Кочанска Река.
Исто така, двата тима работат и на проект за подготовка на Мастер-план за економски развој на Кочани со искористување на геотермалниот потенцијал.