На 9 јануари 2020 година, градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев оствари средба со командантот на касарната „Јане Сандански“ – Штип, потполковник Стојанче Костов и со подофицерот за односи со јавноста Димитар Јанев.
Целта на посетата беше да се воспостави непосреден контакт со високите претставници на 2. пешадиски баталјон, во чија зона на одговорност припаѓа и Кочани.
Според градоначалникот Илијев, на средбата начелно се дефинирани цели и задачи за заедничко дејствување и соработка што може да биде од корист на граѓаните на овој регион.