Денеска беше спроведена еко-акција за расчистување на сметот на три локации во градот.

Во денешната еко-акција учествуваа вработени од општинската администрација, градоначалникот на Општина Кочани, Доброволното противпожарно друштво – Кочани, a поддршка на акцијата со работна екипа и механизација даде Комуналното јавно претпријатие „Водовод“.

Расчистувањето се вршеше на локциите АСНОМ, Калиманова Глава и кај Градскиот панаѓур.

Се упатува повик до сите граѓани совесно да се однесуваат кон животната средина и отпадот да го фрлаат на соодветните обележани места.