Пријавата на Шахинова беше единствена на конкурсот што го распиша Општина Кочани, за што најголемо влијание имаше здравствената криза која предизвика застој во редовните спортски активности и натпреварувања.
Мартина Шахинова во 2020 година, во периодот пред почетокот на пандемијата, учествуваше на Европското првенство во Будимпешта, освои второ место на меѓународен натпревар во Србија, го доби Националното спортско признание – спортска надеж, беше прогласена за трета јуниорка во карате преку Карате федерацијата на Македонија и беше избрана за спортист на Кочани.
Во период од шест месеци, Шахинова ќе биде стипендирана со месечен износ од 3 илјади денари.
Општинската стипендија за спортист-спортска надеж има за цел да ги поттикнува младите од Кочани да спортуваат и да остваруваат значајни спортски резултати.