Од денеска, 24 март 2020 г., важат новите одлуки на Владата за ограничување на движењето на граѓаните на целата територија во земјата.
Забраната за движење за сите граѓани од 21:00 до 06:00 часот, е заменета со ограничување на движењето од 21:00 до 5:00 часот, пред сѐ заради потребата на граѓаните да стигнат на работните места во утринските часови.
Движењето на граѓаните над 67 години е забрането од 11:00 часот до 5:00 часот следниот ден.
Со одлука е ограничено движењето на младите до 18 години и за нив забраната за движење ќе започнува во 21:00 часот и ќе трае до 12:00 часот наредниот ден.
Сите заклучоци на Владата во функција на преземање на дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на болеста КОВИД-19 важат до завршување на периодот на постоење на вонредната состојба во земјава.