Во пресрет на 1 Април, Денот на шегата, на платото на Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани се одржа традиционалната „Априлијада“.
Во програмата, маскирани настапија деца од Детската градинка „Павлина Велјанова“, Приватната градинка „Амичи“ и ученици од училиштата во Кочани.
Учесниците, родителите и сите присутни ги поздрави градоначалникот Љупчо Папазов, кој на сите деца им посака радост и среќни мигови.
Првоаприлската манифестација традиционално ја организира Одделението за јавни дејности од Општина Кочани со средства од Програмата за поддршка на образованието.