В петок, на 5 мај Средното општинско училиште „Гошо Викентиев“ ќе биде домаќин на 36. Државен натпревар на средните училишта од електротехничката, машинската и сообраќајната струка.
На натпреварот ќе учествуваат 22 училишта од Република Македонија коишто ќе се натпреваруваат во 13 профили во трите струки електротехничка, машинска и сообраќајна струка и тоа во 9 профили во четиригодишното образование и во 4 профили во тригодишното образование. На натпреварот ќе учествуваат 140 ученици со околу 100 ментори – наставници.
Директорот на кочанското техничко училиште, Димче Сребренов истакна дека училиштето е подготвено за претстојниот натпревар.
На натпреварот ќе бидат претставени и 22 труда односно изработки на ученици со поддршка од нивните ментори.