Врз основа на член 62 став 10 од Законот за урбанистичко планирање („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.32/20, 111/23, 171/24, 224/24, 40/25, 101/25, 101/25 и 127/25), Градоначалникот на Општина Кочани, објавува:

СООПШТЕНИЕ

За организирање на јавен увид на изработен Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.1 – сообраќајни патни инфраструктури – велосипедска патека КО Горни Подлог и КО Мојанци, Општина Кочани, со тех.бр.77/24-У од август 2025г., изработен од ДПРН ЗУМ ПРОЕКТ ДОО Скопје.

Проектниот опфат е со вкупна површина од 0.36 ха.

Јавниот увид на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.1 – сообраќајни патни инфраструктури – велосипедска патека КО Горни Подлог и КО Мојанци, Општина Кочани, со тех.бр.77/24-У од август 2025г., изработен од ДПРН ЗУМ ПРОЕКТ ДОО Скопје, ќе се спроведе со објава на урбанистичкиот проект на официјалната  web страна на Општина Кочани : www.kocani.gov.mk

Јавниот увид ќе трае 15 дена од објавувањето на Соопштението, започнувајки од 19.01.2026г. до 03.02.2026 год.

Во споменатиот период, заинтерисираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со проектот ќе може да доставуваат писмени забелешки, предлози и анкетни листови до Општина Кочани.

Линк кон Соопштение за јавен увид

Линк кон Анкетен лист

Линк кон Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.1 – сообраќајни патни инфраструктури – велосипедска патека КО Горни Подлог и КО Мојанци, Општина Кочани, со тех.бр.77/24-У од август 2025г.