Во интерес на заштитата на животната средина и за подобрување на условите за живот на граѓаните, Општина Кочани останува на заложбата за реализација на проектот за воспоставување регионален систем за управување со депониите во Источниот Плански Регион, со крајна цел – изградба на депонија во Свети Николе, а со тоа и конечно затворање на депонијата во Кочани.
Во таа насока, изминатиов период:
– Формирано е Надзорно тело за вршење мониторинг и давање поддршка при реализација на Програмата за јавна чистота и третман на отпад;
– Преземени се чекори за утврдување надомест за одлагањето на отпадот од соседните општини;
– Упатено е барање до Министерството за животна средина за финансиска поддршка во одржувањето на депонијата, со избор на економски оператор и поддршка со механизација;
– Во тек е јавна набавка од страна на Општина Кочани за избор на економски оператор за редовно одржување на депонијата;
– Воспоставена е интензивна соработка со МВР. КЈП „Водовод“ добива континуирана поддршка во контролирањето на пристапот до депонијата и се преземаат активности против лица кои изминатата седмица неовластено влегуваа во Градската депонија;
– Во согласност со европскиот проект, Министерството за животна средина поднесе урбанистичко-проектна документација за издавање одобрение за затворање на Градската депонија во Кочани.
Покрај тоа, со поставената стражарска служба и со видеонадзорот се врши континуирана контрола на возилата и на начинот на кој се депонира отпадот на Градската депонија.
Со механизација на операторот за одржување на Градската депонија и со механизацијата со која располага КЈП „Водовод“, се врши редовен дотур на земја која правилно се распоредува по површината на депонијата со што се создаваат услови за примање на новопристигнатиот отпад.
Сите овие аргументи, заедно со претходно извршениот природен третман на депонијата против запалување, се основа за водење на активностите во правец на реализација на крајните цели на проектот за воспоставување отпад – затворање на депонијата во Кочани и изградба на регионална депонија во Мечкувеци.