Членовите на Советот на Општина Кочани, на 23. редовна седница го разгледуваа финансиското работење на повеќе општински јавни установи и претпријатија при што ги поздравија нивните минатогодишни резултати.
Од говорницата во Советот беше истакнато дека училиштата се со повеќе од преполовени долгови, раководителите постојано наоѓаат начини за подобрување на постојните услови, а за тоа покрај градоначалникот и директорите, придонес има и Советот на Општината.
Анализирајќи ја завршната сметка на Општина Кочани, членот на Советот Ѓорѓи Алексов истакна дека минатата година беше позитивна за кочанската локална самоуправа, како според зголемените приходи, така и со скратувањето на непродуктивните трошоци. Алексов додаде дека домаќинското работење беше потврдено и со финансиите добиени од централната власт со кои се реализирани неколку значајни проекти.
Директорот на „Водовод“, Андреј Киров соопшти дека претпријатието работи со позитива, со намален долг и зголемени побарувања. Поддршка на видливо подобрените услуги од „Водовод“ даде и советничката Валентина Андонова, упатувајќи апел кон граѓаните да се грижат повеќе за јавната хигиена. Членот на Советот Јордан Димитров повика на што побрза изградба на браната „Речани“, со што Кочани и микрорегионот ќе добијат поевтино водоснабдување.
Во рамките на советничките прашања, градоначалникот Николчо Илијев одговараше за уредувањето на влезовите во Кочани кај Подлог и кај Оризари, за работата на Градската депонија, за палењето на стрништата…