Општина Кочани ќе поднесе апликација за одобрување средства од унгарскиот кредит за реализација на првата фаза – градежништво и архитектура од Домот за стари лица, со износ од 266 милиони денари. Согласно методологијата за распределување на средствата од овој државен заем, износот за Кочани е 262 милиони денари, но стручните служби објаснија дека по јавното наддавање се очекува вклопување во предвидените рамки.
На 63. седница, Советот донесе Одлука за други проекти за апликација до Владата за помош на Општина Кочани.
Советот ја констатира и неотповикливата оставка од функцијата член на Советот на Општина Кочани поднесена од Кристина Атанасова Арсова.
В. д. градоначалникот на Општина Кочани Венко Крстевски информираше за извештајот за донираните средства на Фондот.