На 30 септември 2024 година, Советот на Општина Кочани ја одржа 52. седница на која беше усвоена Програмата за изменување и дополнување на Програмата за работа во областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на РС Македонија на подрачјето на општина Кочани за 2024 година. Исто така беше донесена одлука за измена на распоредот на средствата и проширување на средствата на Буџетот на Општина Кочани за 2024 година.

Советот ги усвои извештаите за работењето на општинските средни училишта за учебната 2023/24 година, годишните програми за 2024/25 година и даде согласност за формирање паралелки со помал број ученици во ООУ ,,Крсте Петков Мисирков“ – Оризари и во ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Кочани за учебната 2024/25 година.

Советот усвои Заклучок во врска со барањето за обезбедување финансиска помош за опремување на учениците од сите основни училишта на територијата на општина Кочани со сет униформи (горен дел), на барање и позитивен став и поддршка од советите на родители на сите основни училишта во општината.

На 52. седница Советот донесе решение за формирање Комисија за унапредување на правата на пациентите на подрачјето на општина Кочани.