На 17 јули 2024 година Советот на Општина Кочани ја одржа 48. седница на којашто беше дадена согласност за право на користење на недвижен имот за целите на проектот „Интегриран развој на препознатливиот културен и близок до природата туризам во Источниот Плански Регион и регионот Благоевград“, како и согласност за кофинансирање на овој проект од страна на Општина Кочани. На седницата беше образложено дека проценетата вредност на проектот е 8.159.621 денар, од која 6 милиони денари се обезбедени од Програмата за прекугранична соработка, а останатите се учество на Општина Кочани. Со оваа одлука Советот даде право на користење на парцела во близина на езерото Гратче за изградба на повеќенаменско игралиште.
На седницата беа усвоени Планот за изменување на Годишниот план за вработување во Општина Кочани за 2024 година и Годишниот план за вработување во Општина Кочани за 2025 година.
Четириесет и осмата седница Советот ја одржа во новата сала на вториот кат во зградата на Мултикултурниот центар, којашто од неодамна е опремена со мебел и техничка опрема соодветна за седници на Советот.