На 29 мај, Советот на Општина Кочани ја одржа 46. седница, на која го прифати предлогот на Советот на Општина Виница и донесе одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Виница и Општина Кочани.
Членовите на Советот го усвоија Извештајот за реализација на Програмата за активностите на општина Кочани во областа на локалниот економски развој во 2023 година и донесоа заклучок за збогатување на програмата „Петровденски конаци“.