Во саботата, во салата на Мултикултурниот центар во Кочани, Советот на Општина Кочани ја одржа 42. седница на која советниците дадоа зелено светло на двете точки, кои беа единствени на дневниот ред.
Усвоена е Предлог – одлуката за донесување на Деталниот урбанистички план за Градска четврт 5 од ГУП за Град Кочани Општина Кочани, кој претставува граница на генералниот урбанистички план на север, осовина на улица „Цветан Димов“ на исток, осовина на улица „Љупчо Сантов“ на југ и осовина на Кочанска Река на запад, со вкупната површина од 81,32 хектари.
На седницата на совет беше усвоена и Предлог – одлуката за донесување на Деталниот урбанистички план за Градска четврт 14 од ГУП за Град Кочани Општина Кочани. Границата на планскиот опфат на овој урбанистички план ја опфаќа осовината на Кочанска Река на исток, магистралниот пат Штип – Кочани – Делчево на југ, осовина на улица „Димитар Влахов“ на запад и осовина на улица „Стево Теодосиевски“ на север, со вкупна површина од 40,21 хектар.