На 27 септември, Советот на Општина Кочани ја одржа 35. седница на која донесе: Одлука за изменување на Одлуката за организирање општински линиски превоз на патници на подрачјето на општина Кочани со учество на Општината во цената на билетот по патник на распределената линија; Одлука за изменување на Одлуката за утврдување на висината на комуналната такса за користење на просторот за паркирање на подрачјето на Општина Кочани; Одлука за изменување на Одлуката за сопствено учество – кофинансирање на проектот „Реконструкција на дел од ул. ‘Стамен Манов’“; Одлука за давање на времено користење недвижна ствар без надоместок на Доброволно противпожарно друштво; Одлука за одредување локација за погребување угинати животни на подрачјето на општина Кочани и Одлука за времено организирање на превоз за учениците во општинските основни и средни училишта.
Советот ги усвои извештаите за работењето на општинските средни училишта за учебната 2022/23 година и годишните програми за работа на општинските средни училишта за учебната 2023/24 година, како и Информацијата за управувањето со безбедноста на инфраструктурата на локалните патишта и подобрување на безбедноста на децата во сообраќајот во општина Кочани.
Советот даде согласност на одлуките на Управниот одбор на КЈП „Водовод“ – Кочани за формирање цена за размена на компост за слама, и за времено намалување на надоместок за приклучок за семејства од социјален ризик во проект.