Советот на Општина Кочани ја одржа 28. Седница на Совет на чиј дневен ред се најдоа 25 точки.
Советот ги изгласа годишните планови за вработување за 2024 година за ООМУ „Ристо Јуруков“ и ООУ „Крсте Петков Мисирков“ с. Оризари, а годишните планови за вработување на СОУ „Гошо Викентиев“ и ООУ „Малина Попиванова“ – Кочани ќе бидат разгледани на следната седница на Совет.
Советот ги изгласа точките за изменување и дополнување на Одлуката за начинот на користење и управување на салите во општинските основни и средни училишта, понатаму предлог-програмата за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општина Кочани во областа на локалниот економски развој во 2023 година, предлог-одлуката за измена на распоредот на средствата во Буџетот на Општина Кочани за 2023 година, изменување на одлуката за извршување на Буџетот на Општина Кочани за 2023 година, како и извештајот за реализација на Буџетот на Општина Кочани за првиот квартал од 2023 година.
Советот ги усвои и предог-програмите за изменување на: Програмата за изградба и одржување на општински патишта и улици, Програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на општина Кочани, Програмата за урбана опрема на општина Кочани, Планот на програми за развој за периодот 2023 – 2025 година, a даде согласност и за примање донација на пет сензори за мерење на квалитетот на воздухот.
Членовите на Советот го прифатија предлогот за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Кратово и Општина Кочани. Беа усвоени и предлог-одлуките за вршење технички исправки на Деталните урбанистички планви за ГП 11.12 на КП 16688/1, КО Кочани, од Изменување и дополнување на ДУП на дел од град Кочани, локалитет Прокарка (донесен со Одлука бр. 07-1250/1 од 26.12.2003 г.) и за ГП 11.08 на КП 16690/1, КП 16690/2 и КП 16689/6 КО Кочани, од Изменување и дополнување на ДУП на дел од град Кочани, локалитет Прокарка (донесен со Одлука бр. 07-1250/1 од 26.12.2003 г.).