В петок, на 9 јуни, со почеток во 8 ч. во салата во Мултикултурниот центар  во Кочани, Советот на Општина Кочани ќе ја одржи 29. седница, на чиј дневен ред се следниве точки:

  1. Годишен план за вработување на СОУ „Гошо Викентиев“ – Кочани за 2024 година
  2. Годишен план за вработување на ООУ „Малина Попиванова“ – Кочани за 2024 година
  3. Предлог-одлука за измена на Одлуката за утврдување тарифа за снабдување со вода за пиење или водоснабдување на КЈП „Водовод“ – Кочани за регулиран период 2021 – 2023 година
  4. Предлог-одлука за измена на Одлуката за утврдување тарифа за пречистување на отпадни води на КЈП „Водовод“ – Кочани за регулиран период 2021 – 2023 година
  5. Предлог-одлука за измена на Одлуката за утврдување тарифа за собирање и одведување на урбани отпадни води на КЈП „Водовод“ – Кочани за регулиран период 2021 – 2023 година
  6. Извештај за финансиското работење на КЈП „Водовод“ – Кочани за периодот од 01.01.2022 година до 31.12.2022 година
  7. Извештај за финансиското работење на КЈП „Водовод“ – Кочани за периодот од 01.01. до 03.2023 година
  8. Предлог-одлука за давање недвижни ствари, сопственост на Општина Кочани на Месната заедница во с. Горни Подлог, без надоместок
  9. Годишен план за вработување на ООУ „Раде Кратовче“ – Кочани за 2024 година.