В среда, на 12 јули, со почеток во 9 ч., во салата на Мултикултурниот центар  во Кочани, Советот на Општина Кочани ќе ја одржи 30. седница, на чиј предлог-дневен ред се следниве точки:

  1. Извештај за реализација на Програмата за работа во областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на општина Кочани за 2023 година во периодот од 01.01.2023 година до 30.06.2023 година
  2. Извештај за работењето на комуналните редари во општинската администрација во Општина Кочани за периодот од јануари до јуни 2023 година
  3. Предлог-одлука за давање согласност за примање донација од СОУ „Гошо Викентиев“ – Кочани
  4. Предлог-одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти на подрачјето на Општина Кочани
  5. Предлог-одлука за сопствено учество – кофинансирање на проектот „Изградба на фекална канализациска мрежа на дел од населеното место Оризари“
  6. Годишен план за вработување на ОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Кочани за 2024 година
  7. Годишен план за вработување на СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани за 2024 година
  8. Предлог-решение за разрешување и именување член на Управен одбор на ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани
  9. Предлог-одлука за измена на Одлуката за утврдување тарифа за снабдување со вода за пиење или водоснабдување на КЈП „Водовод“ – Кочани за регулиран период 2021 – 2023 година
  10. Предлог-одлука за измена на Одлуката за утврдување тарифа за прочистување отпадни води на КЈП „Водовод“ – Кочани за регулиран период 2021 – 2023 година
  11. Предлог-одлука за измена на Одлуката за утврдување тарифа за собирање и одведување урбани отпадни води на КЈП „Водовод“ – Кочани за регулиран период 2021 – 2023 година
  12. Збирен извештај – елаборат за процена и утврдување на висината  на штетите од природните  непогоди што го зафатија подрачјето на Општина Кочани  на 24 јули 2022   година.   По завршувањето на седницата ќе бидат врачени награди на учениците на генерација од општинските основни и од средните училишта, како и на наградените ученици на државни акредитирани и меѓународни натпревари.