Поради трагичниот настан што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани, Советот на Кочани ја одржа 61. вонредна седница, на која донесе одлука за прогласување седумдневна жалост на подрачјето на општина Кочани.
На продолжението на 61. вонредна седница што Советот на Општина Кочани го одржа на 19 март, беше донесен заклучок за задолжување на КЈП „Водовод“ на 20 март 2025 година да не организира пазарен ден.
Советот донесе одлука со која се одобрува користење финансиски средства во износ од 3 милиони денари од Буџетот на Општина Кочани за 2025 година, за помош на семејствата кои имаат починати лица и лица повредени во пожарот во дискотека „Пулс“.