Македонскиот пијанист Симон Трпчевски го посети Основното музичко училиште „Ристо Јуруков“ во Кочани.

Уметникот со светско реноме оствари средба со градоначалникот Николчо Илијев, раководството на училиштето, колективот и учениците и се запозна со актуелната состојба и работа на оваа образовна институција.

– Присуство на Трпчевски во Кочани го искористивме да го запознаеме со реализираната децениска идеја за ново пијано, со кое ќе одговориме на потребите на културните настани во нашата општина и на Музичкото училиште – соопшти Илијев.

Трпчевски истакна дека Основното музичко училиште „Ристо Јуруков“ е извориште на професионални музичари, меѓу кои дел од нив се негови колеги и соработници.  Поздравувајќи ја набавката на новото полуконцертно пијано потенцираше дека тоа претставува одличен влог во културата и образованието.

Кратката изведба на Трпчевски на преработени македонски мотиви на пијано беше дочекана со аплаузи од присутните.